Следната недела во битолскиот крај сеуште ќе се празнува. 13 и 14 јануари се резервирани за православната Нова година и за Василица. На трпезите, освен богата понуда на храна задолжителен е мазникот со паричка. Традицијата се почитува, и во домовите, и со пријателите , и со колегите…
„Бакшиш, бакшиш паричка , баба меси баничка“ е традицонална коледарска и василичарска песна која се пее во скопскиот регион. А се однесува на зелник, пита, баничка или мазник со паричка.
Битола,
Според кажувањата на повозрасните, битолскиот крај ваквата традиција(барање паричка во месен тестен производ) во годините наназад ја чествувал неколкупати во новогошните празнувања: на Нова година, на 31 декември – паричката се ставала во пита со месо, некои и во баклавата, потоа за Божик- во лепчето што го дели семејството и на крај, на Василица односно православна Нова година. Оној кому е среќа да добие парче со паричката – се верува ќе има добра година. И се слави со членовите на семејството, со пријателите, со соседите, со колегите….
Во анкетата објавена подолу, на колку „вртења на мазникот“ ќе одат битолчани..
Традицијата се почитува, но низ вековите во градот до Хераклеја се менува начинот. За тоа зборува Велчо Петровски – Папал, познат угледен урбан битолчанец.
Е сега прославата и традицијата се добра работа, но , не ако сте среќајлија па парчето со паричка постојано кај вас стигнува. На три места – трипати василичарско кумство, уште ако сте во фирма со голем број вработени и големо друштво – ќе останете без 50евра – само за мазнико. Освен дали паричката се бара на Божик или Василица има уште една „суштествена“ – мазнико треба да е реден или вртен .
Во анкетата подолу и за рецептот за битолскиот василичарски зелник, пита или мазник…
За редениот, од брашно, сол и масло се замесува средно тесто како за зелник, се одвојуваат 16-тина топчиња и од нив се меси мала кора којашто најпрвин се потпекува на рингла а потоа се ставаат во тепсијата една врз друга со составот праз, месо,зелка, па се пече и сече.
Вртената пита што би кажале скопјани, односно мазникот е битолска традиција. Едни го тегнат тестото до кора, други си ги купуваат, едни зелка користат, други павлака, јајце и фета сирење. Тоа некогаш знае да биде вистинска коцка. А и тоа е составен дел од празникот – коцкањето.
Во анкетата подолу, дали на Василица битолочани се коцкаат…
Со благодарност за сите кои денеска со нас открија дел од своите животи, научвме многу за нас, нашата традиција, културата , од кадешто сите Балканци ја црпиме својата идентитетска енергија.
Среќно!