МАКАМТРАНС и НСГРИТГ загрижени за состојбата на пензискиот фонд

0
293

Независните синдикати на камионски транспортери МАКАМТРАНС и на градежни работници, инженери и трговци во градежништвото НСГРИТГ изразуваат загриженост за состојбата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РМ, кој, како што тврдат, до 2020 година нема да може да покрива ниту 15 проценти од побарувањата на пензионерите.

– Фондот на ПИОМ го празнат погрешните социоекономски стратегии на претходниот владин состав со спроведувањето на наводно „добрите препораки“ на Светската банка и на ММФ, и со чии што економски нелогични инвестици, го оштетија за огромни финансиски средства, изјави денеска Страшо Јованов, претседател на МАКАМТРАНС.

Сметаат дека решение за состојбите во ПИОМ може да понуди координативно  тело за унапредување на правата од работниот однос на чие формирање инсистираат подолго време, но од ресорното Министерство, како што рече Јованов, им рекле дека нема законска основа.

Коалицијата со работниците што ја најави премиерот Зоран Заев, посочи,  препорачуваме да почне со формирање на предложеното координативо тело.

Според Атанас Трајковски, претавник на НСГРИТ, со формирањето на координативното  тело ќе се решат многу работи во однос на состојбата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и генерално ќе се работи на подобрување на правата на работниците.