Македонија во група со Турција, Грција и Исланд за ЕП 2020

0
421

Македонската ракометна репрезентација ќе игра во групата 3 од квалификациите за Европското првенство во ракомет во 2020 година во Австрија, Норвешка и Шведска. Противници во квалификациите ни се Исланд, Турција и Грција. Првото и второто место носат пласман како плус четирите најдобри меѓу третопласираните.

Група 1: Германија, Израел, Полска, Косово

Група 2: Хрватска, Швајцарија, Србија, Белгија

Група 3: Македонија, Турција, Исланд, Грција

Група 4: Словенија, Летонија, Холандија, Естонија

Група 5: Белорусија, Босна и Херцеговина, Чешка, Финска

Група 6: Франција, Литванија, Португалија, Романија

Група 7: Унгарија, Словачка, Русија, Италија

Група 8: Данска, Украина, Црна Гора, Фарски Острови

Натпреварите на Европското првенство ќе се играат од 10 до 26 јануари 2020 година во Гетеборг, Малме и Стокхолм во Шведска, Грац и Виена во Австрија, како и Трондхајм во Норвешка.