Македонија го декласира Лихтенштајн и остана во игра за СП во Катар

Македонската репрезентација славеше убедлива победа со 0-4 против Лихтенштајн во натпреварот од 7. коло од квалификациите за Светското првенство 2022. Во Вадуц на Рејнпарк стадионот, нашата селекција целосно доминираше и апсолутно во ниту еден момент не беше доведено прашањето околу победникот на квалификацискиот меч.

Нашата селекција сега има 12 бодови во групата со Германија, Ерменија, Романија, Исланд и Лихтенштајн.

Дарко Велковски го најави триумфот во 39. минута, откако претходно Александар Трајковски, Елиф Елмас и Милан Ристовски не реализираа добри шанси за гол. Езгјан Алиоски зголеми на 0-2 во 66.минута откако реализираше од пенал. Бобан Николов со прекрасен соло-гол погоди за 0-3, а точка на натпреварот стави Дарко Чурлинов во 83. минута.

Сподели