Македонија дел од 24-тото издание на аматерски театарски фестивал во Хрватска

0
388

Со химната на фестивалот, во изведба на  тамбурашкиот оркестар и женската вокална група на хрватската читална, се отвори 24 то издание на фестивалот Денови на хрватскиот аматерски театар, во Херцеговец Хрватска, на кој фестивал учествуваше и Македонија.
Присутните и оваа година имаа можност да уживаат во богатствотото на хрватската култура и заедно со организаторите хрватската Читална Херцеговац и хрватската Матица на иселеници, да дадат почит кон хрватската култура, традиција и јазик.
Скоро четврт век трае соработката на хрватската Матица на иселеници и Деновите на хрватскиот аматерски тетатар, а кога некоја соработка трае толку долго тогаш не се работи за случајна соработка туку за продлабочување на еден заеднички интерес кон зачувување на хрватската традиција и задоволството кое произлегува од таа соработка. Покрај ова значајна е соработката на хрватската Матица на иселеници со Хрватскиот културен центар од Битола,Марко Марулиќ, која трае долги години.
-Задоволство ми е да го најавам 24 -тото издание на оваа манифестација , добро познат настан од полето на културата кој своето место го пронајде во нашата жупанија-истакна жупанот на бјеловарско билогорската жупанија Дамир Бајс.
Фестивалот беше отворен со претстава на домаќините од хрватската Читална -Куќа за рушење, во режија на Наталија Лацина.
Покрај оваа претстава гостуваа и хрватскиот театар од Травник, со претставата Побуна во кокошарникот, во режија на аАнте Билиќ, хрватската група од Словачка, Пиколо театарот од Стари град Хвар.
На годинешното издание, се претстави и театарот Чин 4 сцена 5 од Прилеп   во организација на хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво Марко Марулиќ Битола, кој по втор пат учествува на овој фестивал.
Чин 4 сцена 5, во текот на своето постоење од 11 години, продуцирал 64 аматерски претстави во кои играа околу 800 млади луѓе. Во театарското училиште работат професионални режисери, актери, кореографи, музичари, кои својата љубов кон театарот ја пренесуваат на младите членови. Во Херцеговец ја изведоа претставата 10 начини за преживување на зомби апокалипса, во режија на Саша Нацевски.
После изведбата на претставата свое видување за истата даде и реномираниот писател, претседател на друштвото на хрватските писатели Ѓуро Видмаровиќ.
Покрај претставите, беа одржани и драмски работилници со реномираната хрватска режисерка Нина Клефлин.

Секоја година во февруари, Херцеговец во Хрватска, станува место кое ги собира театарските аматери, ја оживува театарската игра, одекнува со богатството на хрватскиот јазик и култура као и културата на гостите од другите земји.
Во текот на изминатие години биле прикажани околу 150 претстави, во Херцеговец гостувале околу 50 театарски групи од 32 земји, а останите биле од Хрватска.
Денови на хрватскиот аматерски театар е фестивал кој се покажа како успешен не само во спојувањето на театарските групи од различни земји, туку и во зачувување на хрватскиот јазик помеѓу хрватите кои живеат надвор од Хрватска.