Македонија доби препорака за почеток на преговори

0
317

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во Стразбур соопшти дека Европската комисија ги награди реформските напори на Македонија и препорача почеток на преговори за членство.

„Комисијата ги награди реформските напори на Македонија и на Албанија и препорача почеток на преговори за членство. Реформските напори треба да продолжат и во иднина, посебно околу прашањата за јавната администрација, судските реформи и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Во однос на судството, важно ќе биде и оценувањето на судиите и обвинителите“, изјави Хан.

Според него, треба да се пофали она што е направено во изминатите месеци.  Хан им честиташе на, како што рече, нивните партнери за напорите.

„ Тука не завршуваат напорите, имаме уште многу работи, но на добар пат сме“, додаде Хан .

mkd.mk