Македонија европски рекордер по бегства од затворите

0
315

Најмногу бегства, најмалку чувари во македонските затвори. Оваа статистика ја објави Советот на Европа во Извештајот за состојбата во затворите во земјите членки за 2016 година. Македонија со 66 бегства на 3.400 затворници е на врвот на европската.
Веднаш по нас според статистиката на бегство е Финска но со далеку пониска бројка од 10 бегства на 3000 затвореници. Ваквата состојба според авторот на студијата професорот по криминологија на Унивезритетот во Лозана Шваајцарија Марсело Аеби се должи на малиот број на чувари по затворите.

Според извештајот еден чувар чува 6 затвореници. Македонските затвори се и рекордери во пренатрупаност во затворите. Овој статистички податок е поради долгите затворски казни кои се изрекуваат во Македонија, стои во извештајот.

Во просек возраста на затворениците во македонските затвори е 39 години наспроти европската која изнесува 33 години. Во македонските затвори лежат двојно помалку жени отколку во европските 3 наспроти 5 проценти.

За разлика од другите европски држави Македонија има помалку странски државјани осудени на затвор, но Советот на Европа не располага со етнички статистики за овој феномен и не е во можност да каже дали помалите етнички заедници се позастапени во затворите.