Македонија загуби од Австрија со 3:1

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 3:1 од Австрија на својот прв натпревар на Европското првенство.

Репрезентацијата на Австријаа поведоа со голот на Шетефан Лајнер во 18-та минута, а десет минути подоцна капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев израмни на 1:1.

Во второто полувреме Австрија продолжи со уште еден гол на Михаил Грегорич 78-та минута, а Марко Арнаутовиќ реализираше во 89-та минута за конечни 3:1.

Следен противник на Македонија е Украина, а натпреварот е в четврток.

Сподели