Македонија загуби од Чешка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден меч со драматичен финиш, овој пат  поразени сме од Чешка со 27:25.

Македонија одигра одлично прво полувреме особено во одбраната, но во второто следуваше голем пад кој беше клучен за пресврт и победа над Чешка.
„Штета, пропуштивме голема шанса, сега одиме по потешкиот пат. Сигурно дека ќе ни биде потешко против Австрија која е домаќин, но нема да се предадеме ќе дадеме се од себе. Игравме добро во првиот дел, но потоа ни снема свежина. Дозволивме да се разиграат чешките бекови, а потоа во ритам им влегоа и останатите“, изјави Кузмановски.
Селекторот Данило Брестовац вели дека почетокот на второто полувреме бил решавачка за поразот од Чешка.

Кире Лазаров беше најефикасен на мечот со 11 гола, но играч на мечот беше чешкиот голман Мартин Галија со 14 одбрани.

Македонија во последниот настап во групата Б ќе игра против Австрија во вторник од 18.15 часот.

Share.