Македонија на Европско – подршка од сите страни

Европското првенство во фудбал стартува утре со првиот меч меѓу Италија и Турција, а Македонија ќе дебитира на турнирот в недела против Австрија.

Поради ковид-пандемијата речиси во секоја држава беа дозволени различни проценти на посетеност на трибините, а во Букурешт каде што Македонија ќе игра два натпревари во продажба беа 30% од капацитетите на стадионот.

Сепак, на три дена до првата средба во Романија дојде до промени и зголемување на дозволениот број навивачи на трибините. Се очекува на Националната Арена во Букурешт да се примат 50% од капацитетот на стадионот, односно двојно повеќе од најавеното. Тоа значи дека наместо нешто над 13.000 фанови, натпреварите ќе можат да ги следат нешто повеќе од 27.000 луѓе.

Македонија ќе игра пред поголем број гледачи на првите два натпревари на Европското првенство, што секако е одлична вест за фановите кои сакаа да патуваат за Букурешт, но поради недостаток на карти не успеаја да ја исполнат желбата. Во изминатиот ден беше изработен и вториот тренинг.

На официјалната страна на Фејсбук беа поставени изјави од Енис Варди кој вели: Се ќувствувам одлично. Едвај чекаме да почне првенството. Го живееме сонот.. Македонија покажа дека вреди. Цел свет ќе дознае дека во Македонија се игра одличен фудбал.
И од Тихомир Костадинов кој изјави “Подготвени сме за предизвикот. Покажавме добра игра во претходните натпревари. Ќе се обидеме да бидеме уште подобри на ова исторископрвенство за нас”.

Подршката пристигнува од сите страни, неодамна ракометарите на двократниот европски шампион Вардар RK Vardar 1961  испратие силна поддршка до нивните спортски колеги од фудбалската репрезентација. Европското чудо кое тие го направија е мотив плус за нашите фудбалери. Храбро до последен атом!

Македонија на Европско… Сите сплотени сме заедно… Оооо, оооо, Македонија на Европско, сите дишеме ко едно“. Вака гласи рефренот од новата песна, насловена „Македонија на Европско“, со која момците од дуото ДНК ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство.
И не само Панчо и Андреј, поддршка на црвено-жолтите им даваат еден куп колеги – музичари, спортисти, актери, пријатели на ДНК и вљубеници во спортот и фудбалот, кои се дел од уникатното видео, кое зрачи со љубов и желба за победи и што е можно подобар пласман на нашите момци.
„Македонија на Европско“ е дело на Панчо и Лазар Цветковски.

Сподели