Македонија протера руски дипломат, Русија со реакција

0
1349

Македонија одлучи да протера еден руски дипломат, поради случајот Скрипал, информира МНР.

Во соопштението се наведува дека одлуката е донесена „во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска“.

МНР наведува дека протерувањето е во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

„Користењето на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји“, се наведува во соопштението од МНР.

„Македонската влада донесе одлука да протера руски дипломат“, напиша попладнево на Твитер руската амбасада во Македонија.

„Целосната одговорност за последиците од оваа провокација и исклучително непријателски чин без преседан во руско-македонските односи ќе ја носи македонската страна“, напиша амбасадата.