Македонија се загуби во вториот дел и убедливо загуби во Хале

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз ги стартуваше квалификациите за Евробаскетот 2023 година. Имавме одлично прво полувреме во Хале, и водство (30-26). Но и сериозен пад во играта во второто, во кое фаворизираниот тим на Германија ги казни сите грешки на нашата селекција за да направи пресврт и да победи.

Германките се разбудија во вториот дел, направија огромна серија иславеа со 73-41. Не го решивме проблемот со скокот, домаќинот имаше двојно поголеми 48/24 во тој сегмент, и се појасно стануваше колкав хендикеп претставува отсуството на Девана Бонер и на Ивана Кметовска во рекетот.

Не се одбранивме од тој атак на Германките, па новата шанса ќе ја бараме на домашен терен. Во недела навечер, во СРЦ „Кале“, од 19:00 часот, каде ни гостува одличниот состав на Босна и Херцеговина.

Сподели