Македонија ЃП и Академија Пандев ќе се борат за Куп-титулата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утре на Националната арена „Тодор Проески“, Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев ќе го одиграат 27. финале од Купот на Македонија. На официјалната прес – конференција двајцата тренери, Александар Таневски (Македонија Ѓ.П.) и Југослав Тренчовски (Академија Пандев) и фудбалерите, Остоја Стјепановиќ и Сашко Пандев ги споделија своите очекувања во пресрет на финалето.

Александар Таневски – Македонија Ѓ.П.

„Се работи за два тима што имаат обезбедено по нешто во првенството, ние опстанокот, Академија Пандев настап во Европа. Предност е што и двете екипи играат отворен фудбал. Го посакуваме трофејот, затоа што и за двете страни ќе биде добра шанса да освои трофеј. Како деца од Ѓорче, дојде нашето време да го вратиме пехарот во нашите витрини. Околу притисокот, моите фудбалери се подготвени на се. Докажаа наназад во првенството дека се работи за квалитетен тим. Ги добивме сите важни натпревари што ни беа потребни. Искуството е на наша страна, имаме играчи со четири до пет финалиња. Мислам дека на вакви натпревари се заборава притисокот и заморот. Академија Пандев игра допадлив фудбал. Можеби ќе треба да бидеме претпазливи, но нема да го менуваме стилот. Мислам дека тоа ќе ни донесе успех.“

Југослав Тренчовски – Академија Пандев

„Финалето од Купот на Македонија за нас е некој нов предизвик. Ние сме понеискусна екипа, меѓутоа имаме квалитетни фудбалери и играчи со потенцијал. Македонија Ѓ.П. заслужува целосен респект, се работи за тим кој игра отворен и допадлив фудбал. Задоволство ни е третото место во шампионатот, но уште поголем успех ќе биде пехар во Купот на Македонија. Ќе дадеме се од себе, подготвени сме за натпреварот и се надевам дека ќе победи фудбалот. Струмица е фудбалски град, многу фудбалери поминале низ неа, а ова е прво, исторско финале за Струмица, што ние сме посебно горди. Потајно имаме притисок, затоа што сакаме заедно да ја однесеме првата Куп-титула во Струмица, но не смееме да заборавиме дека Македонија Ѓ.П. елиминира фудбалски брендови и во составот има фудбалери како Остоја Стјепановиќ, Кировски, Божиновски и останатите кои имаат искуство и квалитет“.

 

Share.