Македонија ја декласира Ерменија и доби подарок од Исланд во Букурешт

Одлична партија на македонската фудбалска репрезентација во Ереван, и победа над Ерменија од 0-5 во квалификациите за Мундијалот во Катар идната година.

Македонија на „крилата“ на Енис Барди, кој постигна хет трик, успеа да слави убедлив триумф над ерменскиот национален тим, и така дефинитивно да го отпише од трката за второто место.

Македонија поведе со гол на Трајковски. Убав продор на десната страна на Ашковски, додаде до Трајковски кој погоди за водство. До крајот на првиот дел, Барди погоди од дваесетина метри по одличната акција и асистенција на Елмас.

Следуваше пенал за Македонија кој го изнуди и го реализираше Барди за 0-3. Потоа одлична акција и асистенција на Елмас за Милан Ристовски, кој погоди за 0-4. На крајот нов пенал за Македонија, кој го изнуди Алиоски, а го погоди Барди за убедливи 0-5.

Романија одигра без голови со Исланд на домашен терен, со што Македонија сега е второпласирана, и победа против Исланд ја носи на втората позиција, што ќе значи бараж за пласман на Светското првенство.

Сподели