Македонија ја подобри мирољубивоста за 18 позиции

0
235

Македонија, според најновиот Глобален индекс на мирот, се наоѓа на 87 место, што е подобрување во однос на претходно за 16 позиции. Зад неа од балканските држави се Босна и Херцеговина на 89. место и Косово на 92 со пад од 15 позиции. Хрватска е на 27 позиција, Албанија на 52. со подобрување од седум позиции, Србија е на 54, а Црна Гора на 58 место.

Во 2017. година мирољубивоста бележи пад во 92 земји, додека подобрување има во 71 држава. Негативниот тренд продолжува четврта година по ред.

Од вкупно девет светски региони за кои се вршени испитувања во Институтот за економија и мир, Европа е најмирољубив. Од првопласираните најмирољубиви земји во светот освен Нов Зеланд, останатите се наоѓаат во Европа: Исланд, Австрија, Португалија и Данска. Германија и натаму останува на 17. позиција. Килелеа меѓутоа истакнува: „23 од 36 држави кои припаѓаат на Европа минатата година бележат влошување“. Станува зор за земји во Западна Европа, а во целина во Источна Европа има позитивен развој.

Индексот на глобален мир се пресметува со помош на 23 индикатори во три области: безбедност во општеството, трајни конфликти и милитаризација. Во областа „безбедност и општество“ предвид се земаат на пример стапката на убиства, бројот на затвореници и бројот на полицајци, како и чувството на проширеност на криминалот. Областа „милитаризација“ го опфаќа бројот на војници, издатоците за вооружување во однос на економскиот учинок и евентуален извоз на оружје.

faktor.mk