Македонската полиција и денес ќе трага по телата на косовските полицајци кои со возило паднаа во Лепенец

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската полиција и денеска ќе продолжи да трага по телата на двајцата косовски полицајци,кои излетаа вечерта во сабота во реката Лепенец од косовска страна. МВР се вклучи во потрагата поради претпоставка дека е можно реката да ги однела телата на македонската страна од границата.

Двајцата полицајци се дел од полициската станица од Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излез од градот, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.

Дваесет и шестгодишниот Малсор Даши и 23 годишниот Арменд Трена излетаа од автопатот во реката.

мкд.мк

Share.