Македонската порака по повод Денот на театар за деца и млади пренесена од школата Бабец

0
758

По повод Денот на театар за деца и млади, 20 ти март, пораките ги пренесоа децата членови на театарската школа и театар Бабец.

Дел од светската порака од Мо Вилемс, автор, илустратор, драматург гласи- Светски ден на театарот за деца? Навистина? Зошто вие, од сите луѓе, би однеле дете да гледа детска претстава?Зарем немате пoважна работа отколку да гледате група возрасни, кои обично се толку сериозни и досадни, како се однесуваат глупаво, викаат, тажни се или смешни само за да го воодушеват детето што го сакате? Навистина, кој сака да биде транспортиран во свет на имагинација и приказна? Кој сака да доживува ликови и емоции кои се истовремено нереални а сосема соодветни? Дали навистина во вашиот живот ви е потребна магијата, трансформативната магија на изведбата во живо? Дали гледајќи ја таа магија преку детските очи правите добро за себе? Ајде малку сериозно: дали сакате да создавате спомени кои ќе бидат поттик за игра во иднина на детето што го сакате? Чекај.Тоа звучи неверојатно.Кога сте удобно сместени во вашето седиште и завесата се крева, знајте дека ќе доживеете повеќе од претстава, ќе создадете нова, посебна врска со детето кое е посебно за вас. О, и тоа дете, веројатно, ќе се забавува. 

Македонска порака за Светскиот ден на детските театри, е од Јулијана Мирчевска – актер, едукатор, основач на “ Бабец “ театар, програмски директор на ИДТФ Битолино.

 – Денес кога мирот ни е украден од политичките превривања, денес кога политичките превривања уништуваат соништа, денес кога сонот на секој просечен човек е да најде малку мир, денес кога секој се бори за човечки права но врз грбот на другиот, денес кога лицемерието, ниските страсти и духовната празнотија се гаранција за успех… – Има ли смисла човек да се занимава со театар!!! Да има!!! Повеќе од било кога!!!Ова време очајно има потреба од театар, вистински театар, вистинска уметност. Зошто детски театар? Зашто од најрана возраст децата треба да се поттикнат на размисување, да се нападнат со уметност сите нивни сетила, тогаш ќе создадеме генерации кои со сигурност ќе донесат подобра иднина.

Детскиот театар „ Бабец „ постои 8 години. Во негова организација е детскиот театарски фестивал Битолино , првиот интернационален фестивал од овој вид,  а во рамките на Бабец 4 год. функцинира детската театарска школа .