ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНСКА ЕРА ТРЕТА СУВЕРЕНИСТИ ОДРЖА КОНГРЕС ВО ПУСТЕЦ

Викендов во Пустец, Мала Преспа во Албанија, Македонска Ера Трета/Македонски независни листи одржа конгрес, во црковниот комплекс Св. Архангел Михаил. Целта на конгресот, како што вели претседателот на движењето Горан Тасковски е да испратат неколку пораки.

„Првата порака е тоа што нашиот конгрес е со име обединувачки конгрес, тоа значи дека нашата цел е да ги обединиме сите Македонци, без разлика дали се во Република Македонија или во иселеништво. Присутни беа многу луѓе, многу Македонци од сите делови на Македонија и надвор од неа и целта ни е да ги вклучиме тие Македонци во системот на Македонија“ вели Тасковски.

Другата порака испратена од овој конгрес, е до нашите иселеници дека не се сами.

„ Конечно декларативноста се пренасочува во реалност, конкретност, дека тие Македонци можат да се потпрат на структура која што ќе води сметка за нив или подобро кажано, дека ние заедно со нив, ќе работиме за заштита на нивните права“ вели тој.

Сега, вели сме со нашите Македонци во Мала Преспа, утре на друго место и ткн, секаде онаму каде што не има, за да се испрати пораката дека заедно ќе бидеме писилни. И третата порака е дека за изборите сега тие го покажуваат својот кадар, а не непосредно пред изборите.

„Веќе почнуваме да дејствуваме како политичка структура, како политичко движење, да ги спроведуваме нашите стратегии, да ги подготвуваме и објавуваме нашите проекти и на тој начин да се подготвиме за она што следува во Република Македонија, а тоа се изборите“ рече Тасковски.

Немаме тајни, не се плашиме од никој, сакаме да бидеме отворени, сакаме сите да слушнат за нас и што е она што сакаме да го понудиме и да кажеме што ќе направи кадарот кој го промовираме на конгресот, велат од движењето.

Како движење се отворени за разговори со сите во интерес на Макеоднија.

„Нашата идеја не е да напаѓаме некого, туку да кажеме што ние како политичка структура правиме и ќе правиме во итерес на Македонија“ рече тој.