ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА НАЈНОВИОТ ФИЛМ НА ВАРДАН ТОЗИЈА

По успешното деби „Џган“ во 2016, Вардан Тозија се враќа со „М“, кој во мај беше прикажан на Канскиот маркет за филмски професионалци. Домашната премиера ќе биде на 22. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“.

Продуцент на „М“ е „Фокус покус филмс“ од Скопје, а остварувањето е копродукција помеѓу Македонија, Франција, Косово, Луксембург и Хрватска.Улогите во филмот ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Оливер Митковски, Владимир Тулиев.

Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек.

„М“ претходно беше прикажан и на Берлинскиот филмски фестивал, а од септември ќе го започне и својот киноприкажувачки и фестивалски живот.

Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“, годинава од 13. до 18. јули, на неколку локации и под слоганот „Муви најт“, ќе прикаже околу 40 филмски наслови. Во рамки на фестивалската програма ќе можат да се видат светски и македонски филмови и копродукции што ќе бидат распоредени во Официјалната селекција, Гала-програмата, SEE програмата, МК Shorts (кратки филмови) и Ретроспектива на филмови посветена на Дејвид Боуви како актер.