Македонскиот ајвар се бара во Грција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Меѓу излагачите од 20 земји и домаќинот Грција, две македонски компании учествуваат на 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци што викендов се одржува во Атина. Саемот има цел компаниите да се промовираат, да ги претстават нивните производи, за евентуално да склучат и конкретен договор за соработка.

Посетителите, коишто се претставници на компании, имаат можност да ги дегустираат и да се запознаат со традиционалните македонски производи пласирани од двете компании. Ајвар, корнишони, џемови, сокови, чери пеперс односно фиферончиња, се дел од производите што македонските излагачи им ги нудат на потенцијалните соработници. Сепак, најпримамлив е македонскиот ајвар.

И двете македонски компании во текот на тридневниот саем во Атина, ќе одржат состаноци за евентуални нови соработки.

Share.