Македонскиот славеј со интервју за Тера од Алпите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскиот славеј како што ја нарекуваат, Зарина Првасевда, додека престојува на Алпите ги почести своите фанови со уште една прекрасна изведба на македонска песна.

Музичар, вљубеник во планините, девојка која совршено знае македонската традиционална песна да ја изведе чисто интонативно, автентично, без никаква преработка, нејзините видеа на социјалните мрежи секој ден добиваат се повеќе посетеност, а тоа  уште еден доказ за квалитетот и талентот на девојката со ангелски глас.

Најчесто ги изведува своите песни на планинските врвови, македонски традиционални песни кои се подзаборавени, а таа со своите изведби ги враќа во живот.

После секое искачување на планина инспирирана од целиот тој мир и совршенство на природата која само може да биде храна за душата, таа често пишува мотивирачки пораки поврзани со хармонијата на планините.
Зарина Првасевда од неодамна има и своја фејсбук страна на која ги споделува најновите изведби, песни, пораки.
Сега е во Швајцарија, а изминатиот период беше на повеќе планини низ Македонија.

Видеото кои има најголема посетеност е она снимено на Баба планина на 2601 м. надморска висина поточно на врвот Пелистер, снимено за денот на планината .Видео кое сега достигна бројка од 300.000 посетители.
– Планинарењето е голема одговорност, вели Зарина Првасевда.

Во чест на Калина и Александар, планинарите кои минатата година трагично ги загубија своите животи на Кајмакчалан , беа организирани повеќе планинарски тури .На една од нив на Кајмакчалан беше и Зарина Првасевда, која испеа песна посветена  токму за нив.
Ако сакате да погледнете други видеа и каде следно ќе оди оваа девојка со ангелски глас, следете ја на незјината фејсбук страна Zarina Prvasevda.

 

 

Share.