Македонскиот филм „Исцелител“ кандидат за оскар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е македонски кандидат за Оскар во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје за 2019 година.

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје”, при  Друштвото на филмски работници на  Македонија  во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актер, Амернис Нокшиќи – актер, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот„Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески, да биде национален кандидат на Република Македонија за оваа награда за 2019 година.

Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите:„Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши, и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи.

Share.