Македонскиот филм Исцелител прикажан во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вчудовиден од тоа колку се пропаднати рационалните и здрави вредности, кога луѓето ја загубиле довербата во медицината, дури и во теоријата на еволуцијата, и повеќе им веруваат на исцелители и теории на заговори, во исто време пропаѓајќи во сиромаштија, го поттикнало младиот режисер Ѓорче Ставрески да ја напише и пренесе на филм приказната за својот прв долгометражен игран филм-Исцелител, кој премиерно беше прикажан во Битола.

Сценариото почнал да го пишува во 2010 година и тоа се развивало речиси седум години. Почнал да ја пишува како драма, но потоа ја направил во жанрот што го сака – црна комедија.

– Сакав да направам филм кој зборува за рушењето на рационалните вредности на кои треба да се базира едно општество, особено здравството. Таму ни е најголемата шанса за помош, а ние сега ја немаме таа шанса. Тоа ми беше најголемата мака, рече Ставрески.

Во Битола покрај режисерот, присутна беше и дел од актерската екипа-главниот актер Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, како и кинематограферот Дејан Димески.

Share.