ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „М“ НА ТОЗИЈА НА ПУЛСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Македонскиот филм “М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамките на официјалната конкуренција за наградите “Златна арена“ на годинешното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал. Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од  „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција “4Филм“ и Хрватскиот нацинален аудио-визуелен центар.

Филмот минатата година беше прикажан на 73. издание на Берлинскиот филмски фестивал, го отвори фестивалот Синедејс, по премиерата во Битола, филмот „М“ на Вардан Тозија имаше италијанска премиeра на филмскиот фестивал во Трст. „М“ е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција, и е дистописка бајка, приказна за осумгодишниот Марко, кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, костимите се на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, а маскер е Горан Игњатовски. Улогите ги толкуваат Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Сашко Коцев, Тони Михајловски, Камка Тоциновска и Бојана Грегориќ Вејзовиќ.

Неодамна Македонскиот режисер Вардан Тозија ја освои главната награда за Најдобра режија во интернационална конкуренција на најголемиот жанровски филмски фестивал во Јужна Америка, Fantaspoa. Филмскиот фестивал во Пула, со мотото “Филм под ѕвездите“, е еден од најстарите и водечките регионални фестивали. Основан во далечната 1954-та година, овој настан континуирано се одржува до денес, со две откажувања во 90-тите, за време на воените превирања низ регионот. Започнат како смотра на најзначајните домашни остварувања од времињата на поранешна Југославија, во последните декади, програмата Пулскиот фестивал се трансформира и распределува во две натпреварувачки категории – за хрватски продукции и копродукции, како и интернационална селекција.