Македонските возачки дозволи признати во Германија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и германскиот амбасадор Томас Герберих денеска ја потпишаа Декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи. 

Со потпишувањето на декларацијата македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи.

Договорот за заемно признавање  на возачките дозволи со Германија е особено значаен за нашите граѓани на кои им се овозможуваат бенефити, изјави Спасовски во пресрет на потпишувањето на декларација.

Share.