Македонските државјани да ги избегнуваат местата на протестите во Грција

0
512

По повод најавените масовни протести во повеќето грчки градови, македонското Министерството за надворешни работи упати предупредување до македонските државјани кои денеска планираат да патуваат во Грција да ги избегнуваат местата на одржување на протестите поради потенцијална можност од нивна ескалација.

Поради  потенцијалната можност од ескалација во соопштението на МНР се наведува граѓаните да  ги избегнуваат местата на  одржување на протестите , но да избегнуваат и било какви   реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност.