Македонските фудбалери изборија бараж за пласман на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Македонија избори пласман во баражот за Светското првенство во Катар в година откако заврши на втората позиција во квалификациската група Ј по вечерашната победа над Исланд со 3-1 на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија поведе во седмата минута со голот на Езџан Алиоски. Исланд израмни во 54 минута со голот на Јон Торстејнсон, по што следеа два гола на Елиф Елмас во 56 и 85 минута за конечни 3 – 1.

Македонија досега не играла на фудбалско СП ниту во бараж-натпревари за пласман на мундијалите. Дебито во плејоф, но за пласман на европските првенства, го имаше лани, по што годинава дебитира на Европското првенство.

На Светското фудбалско првенство в година во Катар од Европа ќе играат 13 репрезентации. Последните три европски места ќе бидат пополнети по баражот што е закажан од 24 до 29 март в година.

фото: ФФМ

Сподели