Македонски државјани повредени во сообраќајка во Австрија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека во сообраќајната несреќа што утрово се случи во Австрија има повредено и македонски државјани.

Две лица со потешки и осум со полесни повреди се здобиле по судир на македонски автобус, во кој се превезувале 18 патници и камион. Тешко повредените не се во животна опасност, велат од МНР.

Сообраќајната несреќа се случила утринава во 6 часот  меѓу македонски автобус и товарен камион во близина  Линц, Австрија.

Австриските медиуми јавуваат дека сите повредените се згрижени во болница, а поради несреќата бил затворен и автопатот кон Линц.

Share.