Учениците по македонски јазик во средното училиште Таканава во Токио, снимија видео во кое овојпат ја пеат „Македонско девојче“ на основа на видеото снимено од јапонскиот оперски првенец Казухиро Котецу.
Тие го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор Томоки Аојама кој за Јапонската амбасада во Македонија истакна дека покрај интересот за македонската култура, тој сака да се запознае и со македонските градови, нивната историја и традиција. Напомена дека омилена храна му е ајварот.Професорот пред 3 години започнал да го изучува македонскиот јазик. Пред неколку години почнал со онлајн часови на англиски јазик и имал тутори од Македонија, па така од нив научил многу за македонската култура и јазик.

Тој заедно со своите ученици го основа македонскиот клуб во јапонското училиште Таканава.
И државниот секретар во Министертвото за надворешни работи на Македонија и дипломат од кариера Филиp Тосевски, минатата година го посети ова училиште.
Оваа година се одбележува 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Јапонија и Македонија и во тие рамки се организираат многу културни настани.
Извор: Види Вака












