Макрон: Војната против „Исламската држава“ во Сирија ќе заврши до февруари в година

0
239

Првиот човек на Франција, Емануел Макрон изрази уверување дека до февруари 2018 година блискоисточната група „Исламска држава“ ќе биде поразена во Сирија.

„Ја добивме војната против „Исламската држава“ во Ирак. Мислам дека помеѓу средината и крајот на февруари ќе победиме и во Сирија“, изјави Макрон во интервју за телевизискиот канал France 2.

Истовремено францускиот претседател инсистираше сириската влада и опозицијата да седнат на преговарачка маса уште на почетокот од новата година.

Макрон го опиша Башар ал Асад како непријател на сирискиот народ, но инсистираше на тоа дека треба да се разговара со него и неговите претставници.

Тој нагласи дека најважниот приоритет на Франција како дел од меѓународната коалиција предводена од САД против „Исламска држава“ е уништување на џихадистичката група, а не соборување на Асад од власт, како што тврдат во Дамаск.

Макрон смета дека дури и по поразот на „Исламска држава“ во Сирија, Башар ал Асад нема да се повлече, бидејќи е заштитен од Иран и Русија, но порано или подоцна, Асад ќе мора да одговара за злосторства против својот народ пред меѓународните судови, нагласи францускиот претседател.

http://makfax.com.mk