ТЕРА

REKLAMA???

МАКРОН ПОБАРА ОД НЕТАНЈАХУ ТРАЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО ГАЗА

Францускиот претседател Емануел Макрон побара „траен прекин на огнот“ во Газа за време на телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Макрон нагласил дека е неопходно да се постигне траен прекин на огнот во Газа „со помош на сите регионални и меѓународни партнери“, соопшти Елисејската палата.

Франција во наредните денови ќе преземе заеднички чекори со Јордан на полето на хуманитарните активности во палестинската енклава, се додава во соопштението.

Десетици илјади цивили во Појасот Газа бараат засолниште од војната во болниците, според Светската здравствена организација (СЗО).

Болницата Шифа во градот Газа е преполна со 50 илјади луѓе, а болницата Ал-Амал во јужниот дел на Појасот Газа со 14 илјади, соопшти денеска здравствената организација на „X“, цитирајќи тим на терен.

На патот кон болниците, тимот на СЗО забележал десетици илјади луѓе кои бегаат од жестоките израелски напади пеш, на мазги или со автомобили.

СЗО соопшти дека 13 болници во целиот Појас Газа моментално функционираат делумно, две на минимално ниво, а 21 воопшто не.