Макрон ја критикува Италија за неприфаќањето спасени мигранти

0
157

Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше, како што наведе, цинизмот и неодговорноста на Италија поради одбивањето на го прифати спасувачкиот брод со 629 мигранти.

Бродот Аквариус за спасување мигранти од саботата е заробен во меѓународни води, откако Италија и Малта одбија да му дадат дозвола за влез во нивните територијални води. Мигрантите сега се подготвуваат за патување во Шпанија која понуди свое пристаниште.

Макрон го пофалил хуманитарниот гест на Шпанија, информира францускиот владин портпарол Бенџамин Гриво. Тој додаде дека Франција не сака да направи преседан кој би им овозможил на некои европски држави да го кршат меѓународното право и да се потпираат на други членки на ЕУ.