Максималистичките барања пречка за Србија и Косово

0
199

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека компромис со Косово би се постигнал само ако двете страни отстапат од максималистички барања. Тој по средбата со романскиот претседател Клаус Јоханис посочи дека побарал од него вклучување во решавање на проблемот, бидејќи земјата ќе претседава со ЕУ на почетокот на 2019 година.

Според Вучиќ, Србија не го разгледува признавањето на Косово. Јоханис посочи дека решението за Косово мора да биде фер и одржливо и ја потврди подготвеноста за активно вклучување во решавањето на проблемот.