Малкумина застанале пред шалтерот на УЈП

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

УЈП ги потсетува граѓаните задолжително да поднесат годишна даночна пријава. Крајниот рок за поднесување на пријавата е 15 Март 2018 година, работното време на УЈП Битола се одвива во две смени .
Во таа насока УЈП Битола на граѓаните на општините Могила и Новаци им излегува во пресрет со овозможување на населението од овие општини да можи пријавата да ја достават преку привремени даночни шалтери кои ќе бидат лоцирани во општинските згради на Новаци и Могила во периодот од 01.03.2018 до 15.03.2018 година со работно време од 09 до 12 часот во Новаци а во Могила од 12:30 до 15:30 часот.

-Под дополнителни примања се сметаат сите приходи кои што ги имаат остварено , не вклучувајќи ги личните примања. Работното време на УЈП е во две смени почнувајќи од 07:00 сабалје до 21:00 навечер. И во текот на првата работна сабота, т.е на 03.03.2018 година од 08:00 до 16:00 часот, изјави Злате Муневски потпарол на УЈП

Досега на ниво на Општина Битола примени се 8 400 даночни пријави или 37 % од очекуваното.

– Засега бројката е под очекуваното ниво но со оглед на тоа дека навиките на граѓаните во Македонија и во Битола се секогаш да се чека крајниот рок, очекуваме во период од 01 до 15 Март таа бројка да ја достигниме, особено пред 15 Март за да се запази рокот, изјави Злате Муневски потпарол на УЈП

Од наредната година во сила се најновите измени од Закон за персонален данок на дохот според кои пресметките за приходите и данокот мораат да се прават електронски.

– И како резултат на таа работа на крајот на годината граѓаните ќе ги добиваат пополнети ГДП и ќе имаат обврска да ги потврдат, вели тој.

На веб страницата на УЈП достапна е брошурата годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход каде што граѓаните имаат и примерок како се пополнува брошурата.

Share.