Малку снег и во Битола, до крајот на денот претежно сончево

0
351

Висината на снежната покривка утрово во 8 часот беше 1 см во Лазарополе, 2 во Битола, Ѓуриште, Кр. Паланка, 4 Охрид, Крушево, 5 Маврови Анови, Тополчани, Претор.

Најструдено со -6 степени беше во Лазарополе, Крушево, Маврово, -4 Претор, Ѓуриште, -2 Охрид, Берово, Тополчани, Пожаране, Кр. Паланка, 0 Битола, Прилеп, 1 Куманово, Тетово, 2 Штип, Скопје Петровец, Виница, Скопје, 3 Струмица, Д. Капија, 4 Дојран, 5 Гевгелија.

Најмалку дожд наврна во гевгелија 1 лит/мк во Гевгелија, Дојран, 4 Струмица, 5 Д. Капија, Берово, 8 Ѓуриште, Штип, 9 Виница, Охрид, 11 Прилеп, Кр. Паланка, 12 Скопје, 13 Тополчани, 15 Битола, Претор, 17 Тетово, 19 Пожаране, 21 Крушево, 23 Охрид, 26 Лазарополе, 33 Маврови Анови.

Утринава во земјава времето е променливо облачно со умерен, долж Повардарието и на исток со засилен ветер од северен правец, во скопското подрачје достигнува брзина до 70 км/час а во штипско до 50 км/час. На планините има провејување на слаб снег.

Време денеска сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од северозападен правец, повеќе изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава. Максималната температура ќе достигне од 1 до 8 степени.
В петок ќе преовладува суво и потопло време со умерен ветер од југозападен правец. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд.