Малта ја намали старосната граница за гласање на 16 години

0
156

Парламентот во Малта едногласно ја усвои одлуката за намалување на возраста со која може да се гласа на избори од 18 на 16 години. Сите 64 парламентарци гласаа за промената. Со ова Малта стана втора земја во ЕУ по Австрија која ја намали старосната граница за гласање, така што следната година на европските избори првпат можност за гласање ќе имаат и 16 и 17-годишниците.

„Парламентот едногласно ги прифати амандманите на уставот. Испишавме нова историја“, напиша премиерот Џозеф Мускат на својот твитер-профил.

Двете главни политички партии се согласија да ја намалат возраста за гласање, но оваа иницијатива немаше целосна јавна поддршка. На пример, студентскиот совет се спротивстави на одлуката со образложение дека актуелната образовна рамка не доволно ги подготвува младите луѓе за да може да доднесат обмислен заклучок при гласање.

makfax.com.mk