Мандатот на Меркел загрозен од 28 годишно момче

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На германската канцеларка Ангела Меркел којашто се надева на уште мандат, по повеќе од деценија на власт, и се „заканува“ голема пречка – 28 годишното момче, Кевин Куенарт.

Куенарт е лидерот на младината на германската Социјалдемократска партија.

Тој е оптимист дека мнозинството од членовите на партијата ќе гласаат против уште една коалиција со канцеларката Ангела Меркел.

Токму поради момчето Куенарт, предложената коалиција на Меркел сега виси во воздух.

– Не можеме да продолжиме вака: удобната политика претставена од Ангела Меркел која веќе не одлучува за ништо – вели тој за Си-ен-ен. Ова сега полека завршува.

Глас „За“ би значел дека Меркел може да дише слободно владеејќи со нејзината коалиција.

Глас „Против“ би значел дека Меркел треба да ја раситни коалицијата и да ги проба своите шанси како малцинска влада или да се соочи со нови избори.

– Не, јас немам шофер што ме вози натаму наваму како другите политичари – вели Куенарт, споредувајќи се себе со останатите политичари.

Септемвриските избори за Меркел требаше да бидат лесна победа за нејзината партија и таа го очекуваше нејзиниот четврт мандат како канцеларка.

Но, гласачите беа револтирани од статус квото. И ЦДУ и СПД едвај го задржаа нивниот статус на најголеми партии во Германија, и изгубија милиони гласови на сметка на крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ која освои речиси 13 отсто од гласовите.

На прашањето, дали некогаш се замислува себе како канцелар, Куенарт одговара „Никако! Така не би имал слободно време за себе, а јас го сакам моето слободно време“.

Share.