Маневски го реши дербито, Пелистер го надигра подмладениот Вардар

Големото дерби во македонскиот фудбал помеѓу Пелистер и Вардар заврши со триумф на битолчани кои славеа со 2-0 во првата фудбалска лига. Човек на одлука беше искусниот Борче Маневски ко ги постигна двата гола и му го зголеми маките на Вардар во битката за опстанок.

Маневски првиот гол го постигна 17. минута, а конечниот реузултат го постави во 87. минута од пенал. Пелистер сега има 32 бода, додека Вардар кој го доживеа петтиот пораз во последните шест натпревари, е десетти со 27 бодови, само еден повеќе од зоната за испаѓање.

Табела: Шкендија 56, Шкупи 46, Македонија ЃП 41, Струга Трим Љум 37, Работнички 36, Борец 33, Пелистер 32, А. Пандев 31, Ренова 27, Вардар 27, Силекс 26, Беласица 14.

Сподели