Манчевски: Врзуваа кабли околу врат за да испратат порака дека ќе не убијат

0
274

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски во своето сведочење пред судот препозна двајца обвинети кои го удирале Села, а за останатите рече дека биле на различни страни во собраниската прес-сала.

За обвинетите Никола Војминовски и Кире Ѓорѓиевски, Манчевски посочи дека биле меѓу десеттемина кои го удирале Села на средина од салата, а во дел од обвинетите препозна и напаѓачи кои него го удирале.

Манчевски пред судот рече дека кога некој извикал дека Села е мртов, дел од толпата почнала да слави.

„Прославија дека Села е мртов, па тргнаа кон Заев и кон нас. Врзуваа кабли околу вратот за да ни испратат порака дека ќе ни се случи истото. Не се сеќавам на активностите врз Села, но се сеќавам на тоа дека дел од присутните овде ме удираа мене“, сведочеше Манчевски.

Тој пред судот појасни дека биле предмет на напади и закани на агресивната толпа. Толпата удирала со боксови, и Манчевски завршил со скршен нос.

mkd.mk