Мапирана е новата траса за гасоводно повразување на Македонија и Грција

0
644

Геодети и геолози од земјава и Грција ја мапираа новата траса за конекциско гасоводно поврзување на Македонија со јужниот сосед. Станува збор за делница од 80 километри од Гевгелија до Неготино која ќе биде прклучена на гасоводната линија кон Битола. Тргнаа од граничниот премин Богородица констатирајки ги сите предизвици на новата линија.

Гасоводната делница Гевгелија Неготивно според Македонските енергетски ресурси ќе биде поисплатливо решение место првичното поврзување од Штип преку Струмица до Гевгелија.

„Оваа траса е за 30 км пократка од претходно одбраната и со тоа обезбедуваме за штита од  25-30 милиони евра со сегашната цена на градба. Идејата е да се одбележи оваа траса со цел да аплицираме до европските фондови и да добиеме пари од нив. Со самата заштеда на парите од скратувањето на трасата и со заштедата опд сретствата од ЕУ, ќе заштедиме и пари на граѓаните“ – вели Благојче Котески – МЕР.

Стручните екипи го разгледуваа целиот терен на потегот од Гевгелија до Неготино. Се детектираа сите можни ризици на трасата и евентуалната експропријација на земјиштето од приватни сопственици.

„Се работи предфизилибилити и физибилити студијата, а потоа и сите други основни моменти.“ – вели Котески.

Од МЕР не прецизираа кога ќе почне изведбата на новото конекциско решение со соседна Грција кое треба да донесе енергетска стабилност на Македонија и пониски цени на природниот гас. Интенција е во следните две години да се заврши целата постапка.

Според Котески паралелно течат работите за поставување на гасоводни линии до Битола и Гостивар од Неготино и Скопје. Апелираше општините сериозно да се посветат на изградба на гасоводни мрежи.

24vesti.com.mk