Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во работна посета на Соединетите Американски Држави, каде следните три дена ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Стејт Департментот.

Вицепремиерот Маричиќ на средба и со Робин Брукс, специјалниот советник за Европа на потпреседателката на САД, КамалаХарис, Роб Ли, Директор на Канцеларијата за ЕвропскаУнија и регионални прашања при Стејт Департментот и амбасадорот ЏимО’Брајан, Шеф на Одделот за координација на санкции при Стејт Департментот и именуван помошник Државен секретар за Европа и Евро-азија.

-На средбите сеочекува да се разговара за уставните измени, севкупните реформи, со акцент на правосудството и борбата против корупцијата, актуелни теми од регионалната агенда и европската перспектива на Западен Балкан, како и за унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на економијата и енергетиката.

Во рамки на посетата на Вашингтон, Маричиќ ќе учествува на Конференцијата организирана од невладината организација „Трансатлантската лидерска мрежа“, а посветена на Западен Балкан на тема: „Трансатлантска и регионална соработка – Изградба на цврсти партнерства“, како и на тркалезна маса, во организација на „Атлантскиот Совет“ со експерти/надворешни соработници кои работат на Западен Балкан, соопшти Секретаријатот за европски прашања.
Со вицепремиерот Маричиќ е и министерот за економија Крешник Бектеши.












