ТЕРА

REKLAMA???

МАРИЈА ЦВЕТАНОВСКА НАГРАДЕНА НА ОХРИД ФЕСТ

На 29. издание на фестивалот Охрид фест, вниманието на присутните го привлекоа дебитантите, меѓу кои и битолчанката Марија Цветановска.

Фестивалот и овојпат ги афирмираше и ги промовираше новите имиња  со што им се даде можност да успеат на естрадната сцена. А, тие среќни, што можеа да зачекорат по музичката патека на легендарниот Тоше Проески, кој во 1998 година, на „Охрид фест“ настапи со хитот „Усни на усни“. Тогаш Тоше се вивна во музичкиот естраден врв не само во Македонија туку и пошироко. Марија на фестивалот ја понесе наградата за интерпретација.

Марија Цветановска има 18 години и е ученичка во средното музичко училиште во својата сакана Битола. Уште од дете е со музиката. На осумгодишна возраст се појавила на сцената на детскиот фестивал „Си-до“ во Битола, но, како што ни раскажа, пеела и ја претставувала нашата држава на многубројни меѓународни фестивали.

„ Имам освоено неколку први места, дури  и девет гран-прија на фестивали во Србија, Бугарија, Хрватска, Босна. Како најголеми успеси би ги издвоила: второто место на фестивалот на светско ниво – „Viva la Musica“ на Тенерифе, македонското талент шоу „Ѕвезда број 1“, каде што стигнав до самото финале и добив повеќе покани за учество и соработка, како и моето претставување на Македонија во финалето на „San Remo-Junior“ во Италија. Додека бев мала, го издадов првото авторско цеде, а имам одржано и свој самостоен концерт. Имам 15 авторски песни. Освен пеењето, изучувам клавир веќе 10 години“, рече Марија.

На сцената покрај дебитантите продефилираа добро познати имиња, како Наум Петрески, Благоја Грујовски, Благица Павловска, Петар Нечовски од фолк сцената, Кики Лесендриќ, Срѓан Марјановиќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ од поп музиката.