Марковски на местото на Алушовски на клупата на Пелистер

0
1676

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Борче Марковски, е новиот тренер на битолски Пелистер. На клупата на Пелистер, Марковски доаѓа на местото на Стевче Алушовски.

Марковски денес ќе го одработи првиот тренинг со екипата која како што е најавено, деновиве треба да добие и неколку засилувања во составот.

Во Пелистер зимава дојде кружниот напаѓаќ на Металург, Костадин Петров, а деновиве ќе бидат промовирани уште неколку нови ракометари.