Марселињо доби отказ од тренерското место во Валенсија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Падна и првата тренерска жртва во Шпанија, Марселино Гарсија Торал е разрешен од функцијата тренер на Валенсија. Со ова кулминираше хаосот кој владее на Местаља неколку месеци.

Проблемите настанаа околу настапот на трансфер пазарот. Сопственикот Питер Лим се судри со генералниот директор Матеу Алемани по одлуката Санти Мина да биде испратен во Селта и да бидат доплатени 14,5 милиони евра за ангажман на Макси Гомез. Се шпекулираше дека агентот Жорж Мендеш, кој е многу блисок со Питер Лим, сакал да го продаде Санти Мина во Премиерлигата за убави пари.

Потоа настана недоразбирање помеѓу газдата и тренерот Марселино Гарсија Торал. Причина е младиот фудбалер од Јужна Кореа, Канг-ин Ли. Марселино сметал дека најдобро е играчот да биде испратен на позајмица бидејќи на Местаља нема да има минутажа. Но Питер Лим го игнорирал тренерот и наредил Канг-ин Ли да остане во првиот тим.

Share.