Мартин Гарикс доаѓа на Си Денс Фестивал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Мартин Гарикс (Martin Garrix), трикратниот добитник на титулата за најдобар светски диџеј, ќе ја предводи програмата на седмиот СИ ДЕНС (Sea Dance) фестивал на кој пристигнува со аудио-визуелен спектакл каков што публиката досега можела да види само на најголемите светски фестивали како што се Тумороуленд, Коачела, ЕГЗИТ, Ултра и други.

Колку Гарикс со својата појава ги раздрма самите темели на музичката индустрија, говори податокот дека на само 23-годишна возраст тој е најдобро рангираниот светски диџеј на изминатата декада, како и податокот дека зад себе има дури 60 милиони фанови, 19 престижни музички награди, како и 69 синглови кои заедно надминуваат 10 милијарди стримови! Водечките светски изведувачи како Ријана, Џастин Бибер и Дуа Липа се тркаат за соработка со него, додека славниот магазин „Форбс“ го прогласи за една од највлијателните личности во светот под 30 години.

Покрај настапот на Зимските олимписки игри 2018-та, оваа година тој е избран и за автор на официјалната химна на Европското првенство во фудбал УЕФА ЕВРО 2020! Публиката од преку 40 земји во светот која од 28-ми до 30-ти август се собира на фантастичната будванска плажа Буљарица во Црна Гора ја очекува несомнено музичкиот настан на годината, и тоа во новата ера во која претходната година заплови „Си Денс“ фестивалот, денеска еден од најголемите музички настани на целиот Медитеран.

Меѓу вртоглавите 19 престижни музички награди, се наоѓаат и две „Ем-ти-ви ЕМА“ награди, две „Ем-ти-ви Милениал“ признанија, „International Dance Music Award“ за најдобар музички изведувач, додека магазинот „Џи-Кју“ му ја додели титулата „Man of Today“! Прво место на Топ 100 листата на порталот „Диџеј Маг“ и тоа дури три пати по ред, хедлајнерски позиции на големите фестивали, бројни фанови ширум светот, му овозможија и песните кои денеска бројат милијарди „ЈуТјуб“ прегледувања! Она што го издвојува од останатите е фактот дека Гарикс своите таленти ги покажува во повеќе сфери и жанрови, како преку соработките со Патрик Стамп, пејачот на бендот „Fall Out Boy“, така и свирејќи гитара во живо во една од најпознатите ток-шоу емисии „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“. Гитара имено свири од својата осма година, а преку неа стекна бројни музички знаења кои ги користи во пишувањето на песните.

Влезниците можат да се купат преку сајтот seadancefestival.me.

Share.