Мартин Јованоски победи на светскиот параглајдинг куп во Турција

Параглајдеристот Мартин Јованоски од Прилеп, на Светскиот куп во Турција го освои првото место, ставајќи ја Македонија на светската мапа како земја која раѓа спортисти со врвни квалитети.
Со освоени 3716 поени, го остави зад себе на второ место параглајдеристот Глеб Сукхоткиј.


“Сигурни сме дека луѓето во Македонија кои го пратеа последниот ден од купот, буквално не дишеа така да кажеме последните 10 минути од трката, во исчекување на резултатите од купот”-ова се дел од коментарите на официјалната страна на светскиот куп.

Во меѓувреме го контактиравме претседателот на параглајдинг клубот Летачки Конзули од Битола, Оливер Цветковски, кој будно го следеше светскиот куп, не информираше на време и ни изјави: Ова е голем успех за Македонија.Додека пишувам имам солзи во очите од среќа, Мартин не направи сите горди.


Ова е уште еден доказ дека Македонија го живее своето ‘златно време’ во овој спорт. Да се биде прв во светскиот куп е значајно признание за нашата земја, кое ни го донесе Мартин Јованоски.
Светскиот куп во Аксарај, Турција се одржуваше од 4 ти до 11 ти септември, куп каде учествуваат само најдобрите.
Честитки Мартин.

Неда Маретиќ

Сподели