Срби, Македонци, Црногорци и граѓани од Р.Српска сите заедно годинава тргнаа на Маршот до Кајмакчалан. Традиционално години наназад Заедницата на Србите од Македонија во Битола го организира овај марш, по повод одбележувањето на годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт и годишнината од Битката на Кајмакчалан.
Тргнаа со теренски возила со цел искачувањето до врвот да биде полесно, а и побезбедно.Помала група тргна од Македонска страна, а поголема група каде што беа гостите од Србија тргнаа од Гр;ка страна. После четири и пол часа сигнаа на највисокот врв на планинатата Ниџе, Камајмакчалан, на висина од 2.521 м, кај Србите познат како Порта на слободата и Праг на татковината. На Кајмакчалан за време на Првата светска војна се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Солунскиот фронт. Т.н. Македонски или Солунски фронт, е еден од четирите големи фронтови во војната.
Тука битки водат силите на Антантата, од една страна и Централните сили, од друга страна. Притоа, само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година во жестоките борби на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. На врвот Кајмакчалан на самата македонско грчка граница се наоѓа Црквата „Св.Петар“.Во црквата има и камбанарија.
„30 години нашата заедница веќе го правиме ова. Ние сме секоја година овде на Кајмакчалан. Кајмакчалан е место каде, не само ние, него секој Србин барем еднаш во животот мора да дојде. На овај простор од мојата десна страна е Р.Македонија, а од мојата лева страна е Грција. Зад мене е Црквата која своевремено била на грчка територија, но Р.Грција тогаш го отстапи овај дел на нашето кралство за да се изгради оваа црква во чест на нашите големи јунаци кои загинаа на Кајмакчалан.
Под нас е гробницата каде што се наоѓаат коските на големите јунаци и според статистичарите и историчарите дојдовме до некоја бројка на повеќе од 5800 луѓе кои загинаа овде. Српската заедница од цела Македонија, имаме аманет и мораме ова да го зачуваме, бидејќи тоа е некој аманет кои што ни го оставија нашите стари луѓе , мораме да го чуваме, обновуваме и да бидеме тука секоја година. 15 септември беше денот на пробојот, а 30 септември беше освојувањето на Кајмакчалан во 16- тата година. Така што заедно со нашите пријатели од цела Македонија, со гостите од Србија, од Р.Српска, од Црна Гора секогаш се искачуваме на овај ден за да го одбележиме пробивањето на Солунскиот фронт, пред се освојувањето на Кајмакчалан“, изјави Зоран Жугиќ, претседател на Заедницата на Србите од Битола.
Во чест на загинатите војници се одржа помен.
Министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Р.Србија Никола Селаковиќ ја предводеше државната церемонија на оддавање почит и положување венци по повод 105-годишнината од пробивањето на Солунскиот фронт кај Кајмакчалан. Министерот рече дека ова е најмалку што може да се направи и потсети дека српската војска поминала на тој пат пред точно 107 години, пробивајќи го фронтот на Кајмакчалан,највисокиот врв на планината Ниџе, нагласувајќи дека по големата војна српскиот народ Кајмакчалан го нарече „Порта на слободата“ и „Порта на Татковината“.
„Мараме повторно да се вратиме на македонска страна ќе одиме на Старавински Вис. Тое е едно место каде преживеаните српски војници кои учесвуваа во овие борби овде на Кајмакчалан,се бореа на овај Старавински Вис и тоа е место како светилиште. Тоа е место каде загина легендарниот Воин Поповиќ – војвода Вук, четнички војвода и ќе си дадам за право да кажам дека од Првото и Второто Српско востание до ден денешен можеби е најголемиот јунак кој Србија го роди. За Војводата Вук помеѓу двете светски војни е подигнат еден споменик во градот Белград. Нашата мисија е не само да доѓаме на ваквите места туку и да им раскажуваме на младите какви јунаци беа тоа, како тие биле чесни и високо морални луѓе, како се бореле и гинеле за својата земја“, рече министерот Селаковиќ.
Министерот посочи дека Република Србија заедно со Република Српска придава големо значење на негувањето на културата на сеќавање и изрази уверување дека во иднина заеднички ќе подигнат воени споменици кои се уништени.
Веднаш до црквата се наоѓа и костурница во која се собрани коските на војниците од Солунскиот фронт кои останаа без гробови, односно се чуваат черепите на мртвите српски војници.
Претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ на одбележувањето на 105 години од пробивањето на Солунскиот фронт истакна дека Кајмакчалан е местото кое ги осветли сите идни српски победи. Посочи дека на овој начин се докажува дека нивната жртва трае со векови.
„Сигурен сум дека овие херои за чии сенки денес зборуваме и пееме на некој начин тоа го гледаат и слушаат и дека нивната жртва е докажана и продолжува низ вековите. Нема поубаво место од Кајмакчалан каде Србија треба да ја прифати Република Српска, во присуство на сите браќа од Црна Гора, Северна Македонија и сите српски земји, дури и од другите континенти.Ова е местото кое ги осветли сите идни победи“, изјави Ненад Стевандиќ.
На чествувањето и положувањето на венци присуствуваше и претседателот на покраинската влада на АП Војводина, Игор Мировиќ.
„После пробивањето на Солунскиот фронт после крвавите борби овде на Кајмакчалан, после 46 дена е ослободен Белград, а неколку дена потоа и Војводина. 9 ноември 1918 е ослободен Нови Сад, 25 ноември 1918 година големото народно собрание во Нови Сад донесе одлука за присоединување на Војводина кон Кралството Србија. Тоа е практично причината да ние во Војводина имаме посебен мотив, посебна обврска, посебна желба и во мислите овде со овај помен за одбележување на овај ден да бидеме денес на Кајмакчалан“, рече Мировиќ.
Српската војска го започнала побивањето на Солунскиот фронт на 15 септември 1918 година.На 17 септември Првата и Втората српска армија го пробиле Солунскиот фронт, што беше пресудно за пропаѓањето на Централните сили во Првата светска војна.Месец и пол подоцна капитулирала Австро-Унгарија, а набргу потоа и Германија.Од почетокот на воените операции на Солунскиот фронт до ослободувањето на Битола, српската војска загубила речиси 29.000 луѓе.