„Марш на спомените“

0
404

Со коњ и мазга од Битола до Солун, на пат долг 240 километри тргнаа францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт, придружувани од битолскиот професионален водич Петар Нолев.

Македонско-француската експедиција пеш ќе минува по линијата на Македонскиот фронт, низ бункери и ровови, преку мариовските села, летна караула до врвот Кајмакчалан, а потоа по сртот на планината до Мало Ниџе и местата викани Базерот, Кожуф ќе пристигнат до Гевгелија, а од таму до Солун.

На овој начин Рембер и Ешт ќе ја одбележат стогодишнината од крајот на Првата светска војна, а патувањето кое го нарекоа „Марш на спомените“ симболично почна од Француските воени гробишта во Битола.

Среќен пат на учесниците на маршот им посакаа градоначалничката на Битола Наташа Петровска и почесниот конзул на Република Франција во Република Македонија, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.