Марјан Секуловски пронајде нов ангажман во Мјанмар

0
470

Марјан Секуловски веднаш пронајде нов интернационален тренерски ангажман, само неколку дена откако си замина од Пелистер.

Секуловски ја напушти клупата на битолчани и одлучи да се врати во шампионатот на Мјанмар каде сега треба да биде на клупата на шампионот Шан јунајтед.

Битолчанецот Секуловски во Мјанмар ги водеше и екипите на Ајевади јунајтед и Јангонг јунајтед.