Маск ги избриша Фејсбук страниците на Тесла и Спејсекс по предизвикот на Твитер

0
808

Верификуваните Фејсбук страници на компанијата Спејсекс и на производителот на електрични автомобили Тесла, исчезнаа денеска, по неколку минути откако милијардерот од Силиконската долина на Твитер вети дека ќе ги симне страниците по предизвикот од страна на корисниците, пренесе Ројтерс.

„Избришете ја Фејсбук страницата на Спејсекс ако сте човекот?“ твитуваше корисник до првиот човек на Тесла. Одговорот на Маск беше: „Јас не сфатив дека има само еден. Веднаш“.

Фејсбук страниците на Спејсекс и Тесла, кои имаат милиони следбеници, веќе не се достапни.

mkd.mk